Муртезани: Со помали инвестициски потфати, во можност сме да ја пуштиме првата меѓународна линија Македонија – Косово
Директорот на Македонски железници, Орхан Муртезани во „Утрински брифинг“ зборуваше за железничката линија Скопје – Приштина, која како линија е замислена пред се за патниците од Приштина, кои доколку оттаму тргнат во 7:10 наутро, во Скопје ќе бидат нешто пред 10 часот.
-Исто така од 16:10 имаме воз кој од тргнува од Скопје, за во Приштина да пристигне околу 19:10. Оваа линија беше прекината околу една година, пред се, поради недостаток од влечни средства, но како резултат на помали инвестициски потфати сега сме во можност да ја пуштиме првата меѓународна линија Македонија – Косово, рече Муртезани, кој смета дека со активни дејствија на двете железници ќе заживее оваа линија и дека граѓаните ќе се навикнат да ја користат во иднина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа