Бектеши: Се забранува промена на цените на основните продукти
На вечерашната седница Владата го прифатила предлогот на Министерството за економија за забрана за зголемување на цените на продуките од страна на трговците.
Оваа одлука на својот Фејсбук профил ја објави Министерот за економија, Крешник Бектеши кој исто така напиша дека од утре следуваат високи казни за сите оние кои ќе се обидат да им наштетат на граѓаните, а ќе бидат вклучени и кривични пријави.
Тој ги повика граѓаните да ги пријават сите зголемувања на цените на бројот 02 3220-547.
16.03.2020 - 23:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа