Синдикатот пресмета: Едно македонско семејство месецот може да го преживее со 550 евра

 

За да преживее еден месец на едно 4 члено семејство потребни му се најмалку 34.212 денари или 556 евра покажува најновата пресметка на Синдикатот претставена преку вредноста на минималната синдикална кошничка за јуни оваа година.
Од овие пари, 14547 денари се трошоци за храна, 10.800 за сметки и домување, 2.378 за хигиена, 2.508 за превоз а останатите трошоци се за облека, култура и одржување на здравјето.
Во споредба со априлската пресметка на синдикатот животот станал поскап на сите полиња а вкупната вредност на кошничката во јуни е за 235 денари повисока од онаа во април.
Пресметките покажуваат дека една просечна плата од околу 28.500 денари не е доволна за да се покрие потрошувачката кошничка.

08.07.2021 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега