Пронајдено мртво тело на војник во Хрватска - трет ваков случај за еден месец
Припадник на хрватската армија е пронајден мртв во округот Вараждин, соопшти тамошното Министерство за одбрана.
Во тек е истрагата и се утврдуваат околностите на смртта. Министерот Марио Баношиќ, како и вработените во Министерството и армијата изразија жалење и испратија сочувство до семејството.
Ова е трет случај надлежните во Хрватска да пронајдат мртвов војник. Пред еден месец беа пронајдени двајца припадници на безбедносните сили – едниот во Бјеловар-Билогора, а другиот во областа на Загреб.
09.07.2021 - 19:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа