Сам е во соба и го снима камера: Нови детали за таткото кој си ги убие трите деца во Хрватска
Таткото кој си ги уби трите деца, а потоа се обиде да се самоубие е префрлен на психијатриското одделение во затворската болница.
Сам е во соба која ја снима камера и е под 24 часовен надзор на лекари и на полицајци. Истрагата се води во тајност поради специфичноста на случајот и затоа што жртвите се деца.
„Мојот клиент кој го бранам по службена должност, кратко ја изнесе својата одбрана, односно се бранеше со молчење. Неговата психичка состојба е релативно стабилна“, им изјави на новинарите Марко Ивица.
На крајот на септември, 56-годишниот Харлад Копиц си ги уби своите три чеда на возраст од четири до седум години.
Копиц е австриски државјанин, угледен финансиски консултант кој живеел и работел во Загреб. Со сопругата биле разведени, па децата викендов биле кај него на гости.
Во својот последен статус на „Фејсбук“ напишал: „Збогум на сите“, а како мотив ги навел нарушените односи со бившата сопруга и сегашната партнерка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа