За палењето на српското знаме во Тирана осомничените ќе одговараат за „поттикнување омраза и понижување "
Албанската полиција приведе осум лица за палење на српското знаме на синоќешниот протест против „Отворен Балкан" организиран од поранешниот премиер Сали Бериша.
На двајца од нив им е одреденена мерка притвор додека петмината други, малолетници, ќе се бранат од слобода.
-Структурите на државната полиција, по прибраните докази, приведоа 8 лица, инволвирани во незаконски активности на протестот на булеварот „Народни херои" во Тирана. На крајот од дејствијата од страна на истражните структури на полицијата, лишени од слобода се Астрит Цара(41), жител во Тирана и Бесник Балани(56), жител на Круја. Исто така од слобода ќе се бранат 6 малолетни лица, на возраст од 15 и 16 години, жители на Тирана и Драч, стои во полициското соопштение.
Според полицијата синоќа запалени се четири српски знамиња, поставен на јарболи по булеварот, заедно со албанск и македонски знамиња.
Процесните материјали се предадени на Обвинителството при Основниот суд во Тирана, за понатамошни дејствија, за сторени кривични дела „Поттикнување омраза" и „Понижување на Републиката и нејзините симболи".
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа