Ова се трите главни симптоми на Омикрон: Д-р Миличевиќ предупредува дека намалениот број на заразени не треба да нѐ залажува
Повеќе од еден месец откао е откриен во Јужна Африка, новиот сој на коронавирусот омикрон беснее низ Европа, а две нови жаришта станале Велика Британија и Данска.
Официјално не е регистриран во Македонија, но загрижува тоа што омикрон многу повеќе од претходните соеви ги погодува најмладите.
-Ноќното потење и болката во грбот се нови симптоми на омикрон сојот. Оиспот е посебно карактеристичен за овој сој. Покрај сите симптоми кои веќе ги знаеме ова се некои нови кои се карактеристични за омикрон. Овој сој е поопасен, но само затоа што побрзо се шири - рекол за Курир.рс педијатарот Саша Миличевиќ.
Тој нагласил дека не треба да залажув фактот дека опаѓа бројот на новозаразени.
-Добро е што е намален бројот на хоспитализации и смртни случаи. Но, тоа не треба да не залаже. Сепак омикрон релативно скоро е појави - рекол Миличевиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа