Продолжува црната статистика по албанските патишта

 

Продолжува црната статистика по албанските патишта, на кои во периодот јануари-ноември годинава, се случиле 1.257 сообраќајни несреќи, што е за 12 отсто или 136 несреќи повеќе, споредено со истиот период минатата година.

-Од јануари до ноември годинава животот го загубиле 176 лица, наспроти 168 во истиот период минатата година а повредени се 1.550 лица. Само во ноември низ државата се случиле околу 106 сообраќајни несреќи, при што 11 лица го изгубиле животот а 156 се повредени. Одговорни во најголем дел се возачите на моторни возила или во 85,8 отсто, соопшти Институтот за статистика, ИНСТАТ.

Според истиот извор на патиштата во Албанија, дневно, во просек се случуваат по четири сообраќајни несреќи. Најмногу од нив во Тирана, по што следуваат Лежа, Фиер и Драч, додека најмалку во Валона

27.12.2021 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега