Зголемени продажните цени на индустриските производи
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно (на домашниот и на странскиот пазар), во март 2025 година во однос на претходниот месец се зголемени за 0.4 проценти, а во однос на март минатата година за 7 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).
На странските пазари, во март 2025 година продажните цени на производителите на индустриски производи се зголемени за 0,5 проценти во однос на претходниот месец, а за 7,3 проценти во однос на истиот месец од претходната година.
Во март во однос на февруари ДЗС регистрира намалување на продажните цени на индустриските производи, вкупно, во секторите Рударство и вадење на камен за 0.1 процент и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.2 проценти, зголемување во Преработувачка индустрија за 0.4 проценти, додека секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината, нема промени.
На годишно ниво, пак, во март година во однос на март лани, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се зголемени за 19,1 процент во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, за 12,8 проценти во Рударство и вадење на камен, за 6,2 проценти во Преработувачка индустрија и за 4,8 проценти во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа