Уапсени тројца криумчари за несреќата со чамецот со мигранти во близина на островот Парос

 

Меѓу спасените 63 лица од чамецот со бегалци и мигранти, што во петокот вечерта потона во близина на грчкиот остров Парос, биле и тројца криумчари кои се уапсени, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката крајбрежна служба соопштија дека тројцата уапсени на возраст од 31 до 40 години биле инволвирани во криминална организација за нелегално пренесување мигранти од Турција во Италија за 9.000 евра по човек.

Уапсените се товарат за криумчарење и нелегално пренесување мигранти од Турција во Италија, предизвикување бродолом, убиство од небрежност и формирање криминална организација и ќе бидат изведени пред надлежен обвинител.

Несреќата се случи во петокот во морскиот дел северозападно од островот Парос, беа спасени 63 лица и извлечени 16 безживотни тела, додека пак вчера во близина на островот Тинос било пронајдено уште едно тело, со што  бројот на загинати се зголеми на 17 лица

28.12.2021 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега