Србите и се потсмеваа - Ана Брнабиќ потпишана како премиерка на Хрватска
Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска одговараше на прашања за проектот Јадар и компанијата Рио Тинто, а еден детал од телевизискиот пренос го привлече вниманието на твитер заедницата.
Имено, српската премиерка на телевизија беше потпишана како премиерка на Република Хрватска. Таа грешка предизвика голем број коментари и реакции на Твитер.
Vidiš li ti što i ja? pic.twitter.com/Ta8hosZJeT
— Komšinica Seka (@KomsinicaS) December 28, 2021
„Таа постигна напредок, премиерка е на една од земјите на ЕУ, гласи еден од хумористичните коментари.
„Можеби знаат нешто што ние не знаеме, се пошегува друг твитерџија.
„Ај нека биде премиер во својата држава, напиша еден твитер корисник, алудирајќи на тоа дека дедото на премиерката е од Крк.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа