Грција со рекорден број новозаразени
Грција денеска има поголем број на заразени со корона вирусот од вчера и завчера. Трет ден по ред, јужниот сосед урива рекорди. За 24 часа се регистрирани 35 580 нови случаи на ковид-19, што претставува нов негативен рекорд во земјата од почетокот на пандемијата, јави дописничката на МИА од Атина.
Грчкото министерство за здравство денеска објави дека музиката за Нова година ќе биде забранета во сите објекти. Тоа е дел од новите мерки поради порастот на бројот на новозаразени со корона вирус откако се појави омикрон сојот.
Актуелните сертификати за вакцинација што ги издава грчката влада на граѓаните би можеле да траат до седум месеци доколку носителот на сертификатот не добие бустер доза, изјави денеска министерот за здравство на Грција, Танос Плеврис.
30.12.2021 - 20:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа