Косово протерува руски службеник од УНМИК
Министерката за надворешни работи на Косово, Доника Грвала, денеска проглaси руски службеник од мисијата на ОН во Косово, УНМИК, за персона нон грата јави дописникот на МИА од Приштина.
Одлуката за протерување на рускиот службеник, без да ги образложи конкретните причини поради кои ја донесе, ја објави косовското МНР на својата официјална страница на Твитер.
– Денеска министерката за надворешни работи, Доника Грвала прогласи за персона нон грата руски службеник на УНМИК од канцеларијата во Приштина. Косово стои покрај своите сојузници во дејствувањето против штетните активности кои ги загрозуваат националната безбедност и уставниот поредок на Косово, се наведува во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа