Крвав новогодишен дочек: Три лица избодени со нож за време на настап на српска пејачка
Три лица се избодени со нож за време на новогодишниот настап на Даре Бубамара во хотелот „Мајдан“ во Белград.
Како што јави екипата на Нова.рс од местото на настанот, нападот се случил во тоалетот на хотелот.
Набргу по нападот, настапот бил прекинат, а во хотелот пристигнале голем број полицајци, како и Брза помош.
Од Брзата помош велат дека едно од повредените лица се здобило со тешки повреди.
Засега не е позната состојбата на нападнатите.
01.01.2022 - 10:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа