Вучиќ се повлекува од раководната позиција на владејачката партија

 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека во мајк ќе си замине од функцијата претседател на Српската напредна партија, која е владејачка во земјата.

„Десет години сум на чело на партијата и ќе бидам таму до мај. Мислам дека тоа е доволно. Во мојата глава веќе имам четворица кандидати за наследник“, рекол Вучиќ, а пренесува Блиц.

„Време е за нови луѓе, 10 години сум на нејзиното чело. Се повлекувам бидејќи не сакам ништо да загрозувам пред тоа и победата на партијата на изборите“, додаде српскиот претседател.

„Ќе се изненадите ако кажам дека имам топлина и емоции, понекогаш и јас сум човек, си велам дали можам да го направам ова, или не можам да го правам ова. Ниту еден ден не сум бил на море , можеби сакав да бидам нормален, обичен човек“, изјавил Вучиќ.

01.01.2022 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега