Спречен шверц на 300 кила наркотична дрога сканк во Црна Гора

 

Службеници на Управата за приходи и царина, заедно со службеници на Полициската управа на Црна Гора, спречија шверц на околу 300 килограми наркотична дрога сканк на граничниот премин Враченовиќи, на патниот правец Никшиќ – Билеќа.

Дрогата била пронајдена во камион ладилник управуван од црногорскиот државјанин М.Н. (26) од Никшиќ.

При детална контрола во покривот на фрижидерот, во специјално направен бункер, откриени се 295 пакувања со дрога, тешки околу 300 килограми.

Возилото требало да го продолжи патувањето кон БиХ од граничниот премин Враченовиќ.

Осомничениот е изведен во Вишото државно обвинителство во Подгорица, соопшти МВР на Црна Гора.

04.01.2022 - 23:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега