Во Албанија рекордни 1.236 новозаразени со Ковид-19

 
 
Во последото деноноќие во Албанија регистриран е негативен рекорд на новозаразени со Ковид-19.
 
Според министерството за здравство од направените 5.694 тетстирања вирусот е потврден кај 1.236 лица, починале четири а оздравеле 329 лица.
 
 
Активни на болеста се 7.952 а болнички се лекуваат 107 пациенти од нив 15 во тешка состојба.
 
Епидемиолозите оценуваат дека тоа е последица на непочитувањето на антиковид мерките, како и присуството на варијантата омикрон.
 
 
По рекордниот број заеазени премиерот Еди Рама упати јавен апел за вакцинација до сите што тоа до сега не го сториле.
 
-Вакцинирајте се што побрзо. Имунизацијата не ве заштитува од зараза но болеста ќе ја минете полесно. Од 107 колку што болнилки се лекуваат дури 90 отсто не се вакцинирани, апелираше Рама.
05.01.2022 - 18:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега