ЕУ има алатки да го санкционира Додик, но засега не планира да ги користи

 

По најавата на САД за санкции против лидерот на Република Српска, Милорад Додик, Европската Унија смета дека Босна и Херцеговина треба да се посвети на политички дијалог, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Американската администрација соопшти дека Додик и неговата медиумска куќа "Алтернативна Телевизија" се санкционираат со блокиран имот и забрана за влез на територијата на САД, согласно режимот на санкции на администрацијата на Џо Бајден кој се активира против лица и ентитети што ја загрозуваат стабилноста на Западниот Балкан.

Додик со месеци го поткопува единството и интегритетот на Босна и Херцеговина како и Дејтонскиот договор.

Од страна на Европската Комисија денеска тонот е многу поумерен по ова прашање.

Портпаролката Ана Писонеро повика на политички дијалог во Босна и Херцеговина.

-Ги охрабруваме лидерите да ги решат проблемите преку дијалог и да го остават зад себе ќор сокакот за да се свртат кон конструктивна ЕУ агенда, рече Писонеро.

Запрашана дали ЕУ би можела да го санкционира Додик, портпаролката изјави дека Унијата располага со алатки, но потребна е согласност од сите земји членки на ЕУ за да стапи на сила.

Јавно е познато дека Додик ужива поддршка од унгарската влада на Виктор Орбан. Новинарите побараа одговор од Европската Комисија дали поради ова институција не се осмелува ниту да предложи санкции.

Писонеро на ова кусо одговори дека дискусиите за рестрикции и санкции во ЕУ се строго доверливи додека не бидат усвоени едногласно во Советот на Е

06.01.2022 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега