Ципрас позитивен на Ковид-19
Лидерот на грчката опозициска партија СИРИЗА Алексис Ципрас, преку социјалните мрежи, соопшти дека е позитивен на Ковид-19, а грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис му посака брзо закрепнување, јави дописничката на МИА од Атина.
Ципрас, кој кон средината на ноември ја прими и бустер дозата, преку „Твитер" денеска соопшти дека при превентивно молекуларно тестирање синоќа добил позитивен резултат, а неговата партнерка Бети и двете деца се негативни.
– Засега имам благи симптоми и се надевам дека наскоро ќе бидам здрав, напиша Ципрас на „Твитер".
Грчкиот премиер, исто така преку „Твитер", му посака на Ципрас брзо закрепнување.
– Со оглед на тоа дека ја има примено и бустер дозата на вакцината, сигурен сум дека сè ќе биде добро, напиша Мицотакис
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа