Бугарскиот премиер е во карантин
Бугарскиот премиер Кирил Петков и шефицата на неговиот кабинет Лена Бориславова се во карантин, јави БТА. Мерката е неопходна откако претседателот на Собранието Никола Минчев даде позитивен тест за Ковид-19 по вчера одржаниот Советодавниот совет за национална безбедност.
„Како што се правилата за сите други, така ќе бидат и ќе се придржуваат до нив", соопшти владината прес-служба. Оттаму појаснуваат дека се уште е нејасно дали средбата со организациите на работодавачи во Советот на министри закажана за денеска попладне ќе биде откажана.
Инаку, Петков на 18-ти овој месец требаше да одржи средба со новиот премиер на земјава Ковачевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа