Во Турција рекорден број новозаразени од почетокот на пандемијата
Во изминатите 24 часа во Турција се регистрирани 74.266 нови случаи на коронавирус, што е најголем број новозаразени од почетокот на пандемијата, покажуваат денешните податоци на Министерството за здравство.
Исто така, податоците покажуваат дека во изминатиот период од коронавирус починале 137 пациенти.
Турското Министерство за здравство предупреди на опасноста од сојот омикрон на коронавирус, пренесува Ројтерс.
11.01.2022 - 23:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа