Словенија со нови правила за карантинот поради рекордните бројки на новозаразени
Во Словенија во последните 24 часа се потврдени повеќе од 8.500 новозаразени со коронавирусот, што е нов рекорд во дневните инфекции од почетокот на епидемијата на Covid-19, а владата повторно ги промени правилата за карантинот, за да ја ублажи ситуацијата во главните дејности во коишто е поголем бројот на изолациите поради ризичните контакти.
Новите правила стапуваат на сила од среда, а важат за секторите здравство, образование и социјалните институции. Училишните класови така ќе одат во карантин дури откако во период од 14 дена заразата ќе биде детектирана кај 30 отсто ученици, додека оние кои биле во ризичен конатакт ќе мора во текот на седум дена секојдневено да се тестираат на коронавирус.
Во каранти по ризичните контакти нема да мора да одат врботените во здравството, социјалната нега и образувањето и воспитувањето, туку место тоа ќе мора седум дена со ред да се тестираат, а препорачанмо им е и користење на поефикасните заштитни маски од типот FFP2.
„Ниедно решение не е идеално, а ова е компромис и се надеваме дека ова решени ќе дејствува“, изјави за словенечките медиуми епидемиологот Матеја Логар, коај го води владиниот стручен совет за Covid-19, откако не беше прифатен претходниот предлог карантинот да се скуси на пет дена.
Според сѐ уште официјално непотврдените податоци кои ги пренесуваат медиумите, во Словенија во последните 24 часа се потврдени 8.588 коронаинфекции, додека пред седум дена беа 5.174 зарази. Ова е нов рекорд на бројот на новозаразените во еден ден од почетокот на епидемијата, а процентот на позитивните е околу 60 отсто. Се смета дека следните денови бројот на дневните зарази би можел да надмине и 10.000.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа