ФОТО: Вучиќ се збогуваше од првата сопруга - „Благодарам што Милица е силна, а нашиот Данило е храбро момче
Ти благодарам што нашата Милица денес е силна и непоколеблива девојка, нашиот Данило пристојно и храбро момче, благодарам што нашите деца ги воспита дека највисока вредност е да се биде добар човек, напиша српскиот претседател Александар Вучиќ во емотивната порака за збогум од првата сопруга и мајка на неговите две деца.
Ти благодарам што беше мој пријател и поддршка сите овие години, што веруваше и несебично даваше сѐ од себе, помогна нашата Србија и народ да одат напред.
Заспа во прегратките на нашиот син, верувам дека така си сакала, прегратките на Милица и Данило беа цел твој свет.
Почивај во мир и ти благодарам за сѐ.
Твој Александар.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа