За 24 часа, во Словенија регистрирани над 23 илјади новозаразени од коронавирус
Во Словенија во последните 24 часа се регистрирани 23.433 нови случаи на коронавирус.
Според тамошните медиуми, направена е анализа на 113.303 примероци.
Од вторник употребата на ПЦР-тестови дополнително ќе биде ограничена со нов протокол за тестирање според кој брзите антигенски тестови ќе бидат доволни за да се потврди инфекцијата со коронавирус.
„Со одлуката да ги признае резултатите од брзите антигенски тестови како доволни за да се потврди инфекцијата, Словенија тргна по стапките на десетина други европски земји“, рече тогаш министерот за здравство, Јанез Поклукар.
02.02.2022 - 17:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа