Најстарите во Србија се најзагрозени, состојбата со коронавирусот не се смирува

 

Во епидемиолошката статистика за коронавирусот во Србија и февруари почна со високи бројки. Метежот со амбулантните возила и на ковид-оделенијата не стивнува. Расте и бројот на новозаразени пациенти на кои им е потребен респиратор и болничко лекување, но се зголемува и бројот на починати, анализираат српските медиуми. Според нив, најзагрозени се најстарите граѓани.

И покрај големиот број заразени со високопреносливиот сој омикрон, европските земји една по една ги менуваат правилата. Причина за ваквите одлуки е малиот број лица што завршуваат во болница.

По Холандија, Велика Британија, Ирска и Данска, и Норвешка ги укинува повеќето мерки, освен маската и растојанието.

Во Србија, пак, бројот на заразени од коронавирусот секојдневно расте, а капацитетот на црвените зони во болниците во Србија е од 70 до 90 отсто, предупреди денеска државниот секретар во Министерството за здравство, Предраг Саздановиќ, и најави дека набргу ќе биде донесена одлука за четврта доза вакцина против коронавирусот.

 
03.02.2022 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега