Грција ги повика своите граѓани во Украина веднаш да ја напуштат земјата

 

Грчкото Министерство за надворешни работи им нареди на граѓаните на Грција во Украина „веднаш“ да ја напуштат земјата.

Агенциите потсетуваат дека САД вчера објавија дека Русија, наводно, може да ја нападне Украина во секое време и одеднаш да создаде изговор за напад.

Неколку земји веќе ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Украина, поради страв од наводна руска инвазија.

Русија постојано негираше дека планира инвазија на Украина, а Кремљ предупреди на можен напад на украинската армија во Донбас.

14.02.2022 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега