„Кочев, но залудно, се слушаа удари“: Учесниците во незапаметениот верижен судир во Војводина раскажаа што се случило

 

Утрово дојде до верижен суди на автопатот кај наплатната рампа во Стара Пазова. Едно лице загина, а повеќе се повредени. Во судирот учествувале повеќе од 30 возила.

-Можам да кажам дека беше доста густа маглата. Мојот случај беше таков што кога ја поминав рампата, видов дека возилата одеднаш запираат и потоа и јас запрев, за среќа останав недопрен, но слушнав удар зад мене, толку беше густа маглата што не можеше да е види ништо. Видов дека и напред било исто толку тешко, според мене се судрија барем 50 возила, изјавил еден од возачите кои се нашле во колоната возила, пренесува РТС.

Колку било драматично опишува и еден друг учесник во судирот.

-Помиав низ наплатната рампа, имаше многу магла, можеби сто метри видливост. Заобиколив шлепер кој беше на десната лента и од далечина видов стоп-светла, но мислев дека возилата се движат. Доцна сфатив дека не се движат и кочев, но џабе, удрив во некое комбе, а шлеперот беше зад мене, но сврте. После тоа сѐ пукаше, чкрипеше, бевме двајца во автомобилот, се стиснавме за секој случај доколку некој удри од назад.

Според приказните на очевидците, односно учесниците во овој верижен судир, сѐ траело многу долго и се чинело дека на ударите им нема крај. Полиија, итна помош и шлеп служба од утрово се на автопатот.

Ниту бавното возење понекогаш не е решение.

21.02.2022 - 19:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега