Таткото на исчезнатиот Матеј: Од непознат број ми стигна порака. Во неа имаше адреса и пишуваше дека син ми е жив
„Не беше напишано ниту за кој град станува збор, па морав да ја повикам и хрватската полиција. Белградската полиција беше на адресата, тоа е станбено-деловна зграда. Меѓутоа, тоа не беше Матеј“, раскажа Ненад Периш.
Сè уште трае потрагата во Белград по исчезнатиот Матеј Периш (27) од Сплит.
Неговиот татко не губи надеж, а како што вели „ќе биде големо изненадување доколку го најде жив“, пренесува „дневник.ба“.
„Во вторникот ми стигна порака од непознат број. Тука само ја пишуваше адресата, а испраќачот ми тврдеше дека доколку одам таму ќе го најдам жив мојот син затоа што тој го гледал. Во неа не го пишуваше градот, па морав да ѝ се јавам на хрватската полиција.
Белградската полиција беше на адресата и стануваше збор за една станбено-деловна зграда. Меѓутоа, тоа не беше Матеј. Овојпат сакам да ѝ се заблагодарам на српската полиција на професионалната работа, која ми дава верба дека ќе можам да го најдам синот“, вели Ненад Периш, татко на исчезнатиот Матеј.
Инаку, Ненад Периш и натаму е во Белград, а сопругата и ќерката не ги видел речиси два месеци, пренесува „24 сата“.
Додека Ненад е во Србија и се надева дека ќе го најде својот син, тој изјавил:
„Во контакт сум со полицијата. Сè што дознавам им испраќам на инспекторите, од информации до видеа. Можам да кажам дека поминаа 50 дена и дека ќе биде големо изненадување доколку го најдам жив. Само ќе го прегрнам и ќе го земам дома“, вели Периш.
Да ве потсетиме, Матеј Периш исчезна ноќта меѓу 30 и 31 декември кога го напуштил белградскиот клуб „Готик“ и оттогаш му се губи секоја трага.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа