Протест пред руската Амбасада во Софија

 

Граѓански протест под наслов „Стоп за Путин" вечерва се одржаа пред руската Амбасада во Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија.

Насобраните, меѓу кои имаше и претставници на украинската дијаспора во Бугарија, го изразија своето несогласување со ставот на Русија за таканаречените Доњецка и Луганска област во источна Украина. Тие носеа украински знамиња и постери „Стоп Путин", а палеа и свеќи.

Протестот пред руската Амбасада во Софија го обезбедуваше бугарската полиција.

Меѓу демонстрантите не беа само украински граѓани и јавни личности, туку и новинари, како и Цецка Бачкова, кандидат за лидер на Демократска Бугарија и претседателски кандидат Горан Благоев

22.02.2022 - 19:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега