Курти: Косовската полиција беше нападната со граната и оружје од Србија

 

Косовскиот премиер Албин Курти вели дека во последните денови се случиле четири напади врз косовската полиција во близина на српската граница.

Курти во реакцијата на неговиот официјален профил на Твитер кажа дека нападите се извршени со оружје од другата страна на границата со Србија.

„Од 11 до 13 април полициски службеници од Косово беа нападнати на граничниот премин со Србија. Вчера и денеска рафали од огнено оружје е испукано и притоа е фрлена рачна граната кон нашите полицајци“, вели Курти.

Курти го повика Белград да ги осуди овие напади врз косовската полиција.

15.04.2022 - 19:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега