Неодамна прослави роденден, почна свој бизнис, па скокна од шест кат

 

Една 30-годишна девојка настрада минатата вечер откако скокна од шести кат на зграда во Србија, а нејзиното тело е пронајдено заедно со писмо за збогување.

Полицијата и екипа на Итната помош веднаш пристигнале на местото на несреќата, но за жената немало спас и таа починала од повредите.

„Околу 22 часот беше пријавено дека женска личност скокнала од стан во кој живеела. Екипата на Брзата помош стигна на местото на несреќата, но таа не покажуваше знаци на живот“, откриваат српските медиуми.

Соседите откриваат дека таа неодамна прославила роденден и работела многу, па си почнала свој бизнис, а сите се изненадени поради нејзиниот потег да скокне од шестиот кат.

19.04.2022 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега