Вучиќ: Србија плаќа голема цена зашто не воведе санкции кон Русија

 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија е единствената земја во Европа која не вовела никакви рестриктивни мерки против Руската Федерација и дека „нема сомнеж“ дека тоа и создава многу проблеми.

– Дали таквиот став ни носи проблеми? Нема сомнеж, многу проблеми, од финансиски инвеститори до многу други. Нема сомнеж дека плаќаме многу висока цена – рече Вучиќ на прес-конференцијата во Белград.

Повикувајќи се на нацрт-резолуцијата на Европскиот парламент, со која се повикуваат новоизбраните власти во Србија да воведат санкции кон Русија, реагираше Вучиќ.

– За нив е добро ако немаат попаметна работа од тоа да испраќаат писма до Србија што треба и како треба да прави, со некои притисоци и закани. Многу ги почитуваме, ни се исклучително важни, но не се лутете, многу поважни ни се граѓаните на Србија и српскиот парламент – рече Вучиќ.

21.04.2022 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега