Нападнато девојче пред училиште во Србија: Момчиња ја шутирале и ја снимале со телефон
Пред три дена три момчиња наводно удирале 9-годишно девојче пред училишниот двор на основното училиште „Обединети нации“ во белградската општина Чукарица, а информација за овој напад била објавена на страницата на Инстаграм на „Србијалајв“ Белград, пренесуваат медиумите во регионот. Според написите, девојчето било малтретирано од три момчиња – едното физички ја нападнало додека другите двајца се смееле и снимале.
„Се бараат тројца „херои“ кои на 18 април во 17 часот и 5 минути храбро шутираа деветгодишно девојче пред училишниот двор на ОУ „Обединети нации“, било напишано во сторијата на споменатата страница на Инстаграм, пишуваат медиумите во соседството.
Како што понатаму се наведува, првиот „јунак“ бил облечен во бел спортски дуксер, вториот имал син елек и го снимал настанот на телефон, а третиот се смеел и го гледал „храброто“ дело.
„Видеото од целиот настан е предадено во МВР, а го поседува и училишната управа, доколку некој има снимка од тој настан, слободно може да се обрати до училишната управа или да ја однесе снимката во првата полициска станица. Доколку некој знае повеќе за ова храбро дело, слободно може да сподели со надлежниот претставник на полицијата во основното училиште „Обединети нации“, се заклучува во објавата која ја пренесоа регионалните медиуми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа