Петков: Секој што сака да ѝ помогне на Украина, нека ја донира својата месечна плата

 

Бугарскиот премиер Кирил Петков ги повика граѓаните да донираат месечна плата во фондот за набавка на оружје за воено разурната Украина.

„ Го повикувам секој бугарски граѓанин, кој навистина сака да ѝ помогне на Украина, да донира плата како мене. Зборовите се лесни, а делата се тешки“, напиша Петков во објавата на својот Фејсбук профил.

Споделувајќи фотографија од банкарската потврда за неговата донација на Фејсбук, Петков истакна дека е потребно политичко и општествено единство за испраќање воена помош во Украина.

26.04.2022 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега