Малолетници одговорни за заканите со бомби во Бар и Улцињ

 

Црногорската полиција денеска соопшти дека во два одвоени случаи идентификувала двајца малолетници кои претходно се заканувале дека ќе активираат експлозивни направи во основните училишта во Улцињ и Бар.

Според Полициската управа, идентификуваниот малолетник на 21 април на блог објавил закана по безбедноста на децата и вработените во ОУ „Маршал Тито“ во Улцињ, а против тоа лице е поднесена кривична пријава до Државниот обвинител при Специјалното Државното обвинителство.

Полицијата го идентификувала и лицето кое на 27 април испратило е-пошта со пријава за поставена бомба на адресата на Основното училиште „Мркојевиќи“ во Бар, а против неа е поднесена кривична пријава, пренесува Вијести.

Од УП наведуваат дека и во двата случаи се работи за малолетни лица.

Според УП, полицијата претходно била информирана од НЦБ Интерпол Вашингтон дека непознато лице на блог-страницата на Гугл изјавило дека се, како што велат, „неонацисти и дека планираат да извршат масовно пукање во основно училиште, со покана да им се придружиме на локалните нацисти“.

29.04.2022 - 23:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега