Вучиќ „си ја пушти душата“: Утрово на младите им легнаа по 100 евра на сметка
Утрово во 9 часот, како што пишува српски Блиц, државата им уплати на 400.000 млади лица од Србија по 100 евра на нивните сметки.
Трезорската управа ги префрли средствата така што тие уште денеска ќе ги имаат на своите сметки.
Министерот за финансии Синиша Мали рече дека многу е важно да се помогнат младите луѓе, а оваа помош трае веќе трета година по ред.
Аплицирањето за еднократна помош на младите во износ од 100 евра започна на 16 мај
01.06.2022 - 11:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа