Словенија регистрираше шест случаи на мајмунски сипаници

 

 

Досега во Словенија се потврдени шест случаи на инфекција со мајмунски сипаници, а сите пациенти имаат благи симптоми, пренесуваат словенечките медиуми.

Националниот институт за јавно здравје издаде упатства за однесување и третман на пациентите што се на домашна нега.

На пациентите им се препорачува да останат дома и да се изолираат од другите луѓе, да внимаваат при одржувањето на личната хигиена и хигиената на алиштата, како и да ги информираат сите со кои биле во контакт за болеста, пренесува СТА.

Симптомите обично исчезнуваат по две до четири недели и, генерално, не се фатални. Исто така, се наведува дека ризикот од инфекција за општата популација е низок.

Првиот случај на мајмунски сипаници во Словенија е регистриран на 24 мај кај маж што допатувал од Канарските Острови.

Светската здравствена организација (СЗО) досега потврдила 780 случаи на мајмунски сипаници во 27 земји, а се верува дека оваа бројка ќе се зголеми.

06.06.2022 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега