Рама најави рестрикции во Албанија: Немаме доволно струја

 

 

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека се можни ограничувања на струјата, бидејќи Албанија не успеала да добие доволно струја.

Рама рече дека Владата подготвила план за вонредна заштеда на електрична енергија, со кој се предвидуваат намалувања во случај на потреба, пренесува весникот „Албанска пошта“.

„Го направивме овој план во случај на итни или вонредни ситуации. Луѓето да почнат да штедат“, рече Рама по разговорот со градоначалниците на Поградец.

24.07.2022 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега