Критично во Грција: Избувнаа нови пожари - надлежните со денови се борат со огнената стихија
Грчките пожарникари денеска втор ден по ред се борат со шумските пожари на островот Лезбос, како и со новите пожари кои избувнаа во западниот дел на полуостровот Пелопонез и во северна Грција, а се евакуираат во близина населби среде топлотен бран.
Шумскиот пожар што избувна во саботата во планинските шуми на Лезбос, остров во Егејското Море во близина на брегот на Турција и изгоре објекти во одморалиштето Ватера, сè уште беснее, принудувајќи евакуација на уште две села – Вриса и Ставрос , пренесува Ројтерс.
Нов пожар им се закани и на куќите во Крестена во западниот дел на Пелопонез и ги принуди властите да го евакуираат селото Грилос.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа