Рама: Тоа што се случува на Косово покажува зошто е потребен Отворен Балкан

 

 

Албанскиот премиер Еди Рама денеска, по повод најактуелните настани на Косово, го поздрави фактот што Приштина го одложи спроведувањето на договорот за реципроцитет за 30 дена, но нагласи и дека спроведувањето на тој договор е нејзино право и обврска, истакнувајќи дека ваквите ситуации покажуваат зошто е потребен Отворен Балкан.

„Овие ситуации покажуваат зошто е потребен Отворен Балкан и зошто Косово треба да дојде и да седне на масата за Отворен Балкан“, рече албанскиот премиер.

Тој на заедничката прес-конференција со шпанскиот премиер Педро Санчез во Тирана, оцени дека спроведувањето на договорот за реципроцитет е право и обврска на Приштина и го повика претседателот на Србија, Александар Вучиќ, да не оправдува, како што рече, дејствија на „одредени групи на северот на Косово кои од свои причини се противат на спроведувањето на договорот“.

01.08.2022 - 17:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега