Маж земал калашников и почнал да пука кон гостите во кафеана во БиХ
Две лица се убиени, а две се повредени во пукотници во Горица (Груде), Босна и Херцеговина, соопштија од полицијата.
На селска прослава, 50-годишен маж земал калашников и почнал да пука кон голем број луѓе кои биле пред кафеаната.
Босанските медиуми објавија дека бил застрелан Велимир Бушиќ, познат претприемач и газда на познат локал.
Причина за инцидентот е караница во локалот, а повеќе детали не се откриваат во моментов.
04.08.2022 - 10:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа