Брнабиќ: Прво да се спроведе бриселскиот договор, па ќе разговараме за односите со Приштина
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека пред да се почне со дискусија за некои други решенија за нормализација на односите со Приштина, најпрвин е потребно да се спроведе бриселскиот договор, меѓу чии одредби е и формирање заедница на Србите.
На прес-конференција во владата на Србија, по повод презентацијата на проектот за археолошкиот локалитет во Винча, Брнабиќ, одговарајќи на прашања, рече дека притисоците за Косово се зголемуваат бидејќи одредени меѓународни фактори сакаат да видат разрешница на ова отворено прашање за да не е на дневен ред и никој не можеше да се повика на тој преседан и да оправда некои други постапки, пренесе „Танјуг“.
Премиерката Брнабиќ изјави дека во моментот пишува експозе за новата влада и дека има решенија за некои министерства, но не и конечни.
На прес-конференција, одговарајќи на прашања, рече дека предлогот првин ќе го презентира пред пратениците.
„Никогаш не бегавме да го решиме ова прашање и да најдеме начин да постигнеме заемно прифатливо компромисно решение, што ќе значи долгорочна нормализација на односите меѓу Белград и Приштина“, рече Брнабиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа