Тирана: Протест пред Министерството за внатрешни работи

 

Пред министерството за внатрешни работи во Тирана вечерва граѓански активисти одржаа протест поради смртта на 32-годишниот Лаер Курти.

Учесниците носеа транспаренти на кои пишуваше „Чашата се прелеа“ „Момците Албанци се оставени во рацете на полицијата“, „Доста ги убивате Албанците“.

Тие побараа правда и расветлување на случајот со младиот човек кој пред две ноќи почина во рацете на полицијата.

Граѓанските протести пред МВР се повторуваат во последните месеци. Во јули граѓанските организации протестираа поради смртта на деветгодишно девојче, кое беше усмртена од ударот со чамец управуван од полицаецот Арјан Тасе на плажата Потами во Химара.

Во средата вечерта околу 23.00 часот, Курти се движел по улицата „Риза Чука“ кога патрола од полициската станица бр. 3 побарала да застане, но 32-годишниот маж не послушал и побегнал. По бегство од околу 400 метри, младиот човек бил фатен од полицијата на улицата „Дон Бошко“. Во претходното известување од Агенцијата за полициски надзор велат дека при придружба на 32-годишниот маж му се јавил здравствен проблем и била побарана итна помош. Од полицијата соопштија дека младиот човек имал треперење на телото и повраќање. Бидејќи состојбата му се влошила тој со полициски возила бил пренесен во болница каде што починал.

21.10.2022 - 22:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега