Фон дер Лајен: Косово ги исполни сите стандарди
Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен имаше состанок со косовскиот премиер Албин Курти и кажа дека ќе ја поддржи државата.
Фон Дер Лајен кажа дека Косово ги исполнило сите услови за визна либерализација.
„Знам дека е важна визната либерализација за Косово. Европската комисија смета дека сте ги исполниле сите стандарди. Ќе ве поддржиме на секој начин“, кажа Фон Дер Лајен.
27.10.2022 - 23:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа