Вучевиќ: Употребивме најмодерна технологија за да го елиминираме дронот

 

Министерот за одбрана, Милош Вучевиќ се обрати пред граѓаните по акцијата во која српската војска елиминирала комерцијален дрон кој го снимал теренот.

 

Српската војска околу 17.20 часот го неутрализирала дронот кој се движел од правец на Копаоник кон Рашка.

„Искористивме најмодерна технологија за да го елиминираме дронот. Војската на Србија го заштити небото. Им честитам на војниците за брзата реакција. Не може да нè удира кој стигна, армијата е подготвена да ги изврши наредбите на врховниот командант“, вели Вучевиќ.

02.11.2022 - 18:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега