Курти: Србија нема да успее да го дестабилизира Косово
Косовскиот премиер Албин Курти кажа дека Србија нема да успее да го дестабилизира Косово, откако српското население реши да ги напушти косовските институции.
Курти кажа дека притисокот врз Србите на Косово не доаѓа од Приштина, туку од Белград.
„Ги повикувам Србите да не ги напуштаат институциите, да не поднесуваат оставки затоа што така им штетат на граѓаните. Ние не им вршиме притисок, туку тоа доаѓа од Белград“, вели Курти.
07.11.2022 - 10:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа