Косовски пратеник објави листа на Срби кои треба да бидат уапсени: Синот и братот на Вучуќ меѓу првите

 

Жестоки реакции во Србија и на северот на Косово предизвика список со имиња на Срби и српски организации кои требало да бидат уапсени. 

Списокот на кој фигурираат неколку српски организации и десетици Срби го објави на Фејсбук Арменд Муја, косовски пратеник од партијата на премиерот Курти, кој смета дека тие треба да бидат уапсени поради криминални дејствија и одговорност за поставување на барикадите.

На листата се најдоа и братот и синот на српскиот претседател Вучиќ, Андреј и Данило Вучиќ и дел од раководството на Српската листа. Од Српската листа оценија дека се работи за обид за прогон и ја повикаа меѓународната јавност остро да го осуди потегот на пратеникот.

23.12.2022 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега