Ужас во регионот: Пронајдени три починати лица
Полициски службеници од Граничната полициска станица Стара Градишка, во поплавен простор во шумското подрачје на Радиње, откриле 20 странски државјани кои илегално влегле во Хрватска, информираат од Полициската управа Брод-Посавина.
Недалеку од нив се пронајдени две мртви тела на непознати лица. Лекарската обдукција ќе утврди како починале, пишува Јутарњи лист.
Третото мртво тело беше пронајдено по опсежна потрага во која беа вклучени полицајци од полицијата и Хрватската планинска спасувачка служба.
Истрагата ќе ги утврдува фактите и околностите за овој настан.
23.12.2022 - 20:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа