Намалувањето на градите го плати со живот: Трагедија во Белград, жена почина по операција
49-годишната Б.В, почина на 16 декември по операција за намалување на градите во приватна ординација во центарот на Белград.
Жената починала од белодробна емболија или подобро кажано, тоа е причината за смртта, а се уште не се знае што ја предизвикало.
Според неофицијални информации, операцијата била извршена во ординација, а не во клиника, па останува увидот да утврди дали воопшто имале дозвола да вршат оперативни интервенции.
Да потсетиме, Б.В. имала операција за намалување на градите во приватна ординација, па на 16 декември околу 22:30 часот била примена во Ургентниот центар, но веќе била почината.
Според пишувањата на белградските медиуми, несреќната жена отпатувала од Германија со својата ќерка во Белград за да биде подложена на операција која ја чинела живот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа