Детонации и пукотници на северот на Косово, Вучиќ со наредба на воениот врв (ВИДЕО)

 

 

Истрели се слушнале во Зубин Поток, на северот на Косово околу 19:45 часот.

До пукањето дошло кога специјалните сили на Косово се обиделе да ја отстранат барикадата на алтернативен пат.

Ова е втор случај на пукање и детонација за два дена во Зубин Поток, за што нема официјални информации. Барикадите во Зубин Поток во моментов се мирни.

Како што може да се слушне на видеото од местото на настанот, низ српскиот град одекнуваат истрели и се слушаат експлозии.

Според информациите од местото на настанот, Албанците насилно се обидуваат да ја окупираат полициската станица.

Веднаш по инцидентот, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ одржа средба со премиерката Ана Брнабиќ и воениот врв.

Работните средби и консултации ќе продолжат и утре претпладне.

Началникот на Генералштабот, генерал Милан Мојсиловиќ, веднаш по средбата, итно заминал во Рашка.

Од патот кон Рашка, генерал Милан Мојсиловиќ по средбата на воениот врв со претседателот Вучиќ и премиерката Брнабиќ, изјави;

„Само што го завршив состанокот со врховниот командант, темата беше ситуацијата на Косово и Метохија. Ќе разберете, не можам да зборувам за детали од разговорот“, изјавил генералот Мојсиловиќ за ТВ Пинк и додаде:

„Во моментов сум на пат кон Рашка, задачите дадени на српските вооружени сили се прецизни и јасни и ќе бидат извршени, ситуацијата е сложена, потребно е присуство на вооружените сили на Србија.“

Началникот на Генералштабот додаде дека не може да зборува за пукањето во Зубин Поток.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Zubin Potok INFO (@zubinpotokinfo)

25.12.2022 - 23:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа